Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Кочани

09.01.2014   К.бр.363/13
ОСНОВНИОТ СУД ВО К., како првостепен кривичен суд и тоа судијата Катерина Цоневска, како судија поединец, при записничар Јелица Хаџи-Василева, постапувајки по обвинителниот предлог Ко. бр.456/13 од 21.11.2013 год. поднесен од ОЈО К., против обвинетиот М. С. од К., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст..2 в.в. ст.1 од КЗ, денес на ден 08.01.2014 год. пред отпочнување на претресот, во присуствона ЈО Стевчо Донев и оштетениот Б. С., го донесе следното: Р Е Ш Е Н И Е СЕ ЗАПИРА кривичната постапка поведена по обвинителениот предлог Ко. бр.456/13 од 21.11.2013 год. против обвинетиот М. С. од К., обвинет за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ, а согласно чл. 278 од ЗКП, бидејки овластениот тужител се откажа од обвинителниот предлог пред да започне главниот претрес. О б р а з л о ж е н и е До Овој суд е поднесен обвинителен предлог Ко. бр. 456/13 од 21.11.2013 год. поднесен од ОЈО К., против обвинетиот М. С. од К., за кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст..2 в.в. ст.1 од КЗ. Судот закажа претрес за ден 08.01.2014 год. на кој пристапија ЈО Стевчо Донев и оштетениот Б. С. од К.. Отсутен беше обвинетиот М. С. од К. за кој имаше доказ дека е уредно поканет. Пред отпочнување на претресот оштетениот Б. С., татко на обвинетиот изјави дека се откажува од кривичниот прогон и од предлогот за гонење што го има дадено во врска со настанот од 02.11.2013 год. По изјавата на оштетениот ЈО Стевчо Донев изјави бидејки оштетениот Б. С. се откажа од предлогот за кривично гонење против обвинетиот М. С., а гонењето согласно чл.130 ст.4 кога се однесува за кривично дело од истиот член од ставот 2 се презема по предлог па бидејки во конкретниот случај оштетениот се откажа од предлогот за кривично гонење, се откажувам од обвинителениот предлог Ко.бр.456/13 од 21.11.2013 год. против М. С. од К. за кривично дело Телесна повреда од чл. 130 ст.2 в.в. ст.1 од КЗ. Судот согласно напред наведеното одлучи како во изреката на оваа решение, а согласно чл.278 од ЗКП. ОСНОВЕН СУД К., на ден 08.01.2013 год. ПОУКА. Рок за жалба 3 дена по приемот преку овој до Апелационен суд во Ш. Записничар С у д и ј а, Јелица Хаџи-Василева Катерина Цоневска
Назад